Search

(ВИДЕО) Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тел Авив: Толпата побара оставка од Нетанјаху

Судир меѓу израелската полиција и демонстрантите избија во Тел Авив откако илјадници луѓе се собраа да протестираат против владата и да побараат враќање на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

Некои демонстранти во Тел Авив носеа фотографии од жени војници кои се појавија на видео на почетокот на неделата, кое се прикажани набргу откако беа киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пишува Гардијан.

Некои држеа транспаренти на кои пишуваше: „Стоп за војната“ и „Помош“. Тие побараа, како што пренесува овој медиум, владата да постигне договор за ослободување на десетици заложници кои се уште се во заробеништво.

Демонстрантите побараа и оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повикаа на нови избори, пишува Гардијан.

-Сите го видовме видеото, не можевме да останеме дома откако владата ги напушти сите тие луѓе – изјави Хилит Саги од групата жени кои протестираат за враќање на сите заложници, пренесува Гардијан.

Седум лица се наводно уапсени на протестот доцна во саботата, а најмалку едно лице е повредено, објави израелскиот весник Хаарец. Протести се одржаа и на други места низ земјата, вклучувајќи го и пристаништето Хаифа, пишува весникот.

Треба да знаете
Последни објави