Search

ОН: Над 670 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Над 670 луѓе загинаа по големото лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја, процени денеска агенцијата за миграција на ОН додека продолжуваат спасувачките операции. Медиумите во јужнопацифичката држава, лоцирана северно од Австралија, претходно процениле дека лизгањето на земјиштето во петокот затрупало повеќе од 300 луѓе.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) претходно во неделата соопшти дека само пет тела се извлечени од урнатините. Агенцијата ја заснова својата проценка за бројот на загинатите на информациите дадени од официјални лица во селото Јамбали во провинцијата Енга. Тие велат дека лизгањето на земјиштето затрупало повеќе од 150 куќи во петокот, рече Серхан Актопрак, шеф на мисијата на агенцијата во Папуа Нова Гвинеја.

Повеќе од шест села беа погодени од лизгање на земјиштето во регионот Мулитака во споменатата провинција, на околу 600 километри од главниот град Порт Морзби, соопшти австралиското Министерство за надворешни работи и трговија. Почвата се уште се лизга, карпите паѓаат, земјата пука поради постојаниот зголемен притисок, а подземните води течат, така што областа претставува екстремен ризик за сите“, рече Актопрак.

Локалните жители имаат напуштено повеќе од 250 куќи во околината. Привремено се засолниле кај своите роднини и пријатели. Според агенцијата, раселени се околу 1.250 луѓе. Меѓународната организација за миграција соопшти дека се затрупани повеќе од 100 куќи, основно училиште, мали продавници и бензинска пумпа.

Акцијата за пребарување и спасување продолжува. Хуманитарната група CARE Australia доцна во саботата соопшти дека речиси 4.000 луѓе живеат во областа каде што се случи лизгањето на земјиштето, но бројот на погодените е веројатно поголем бидејќи областа е „засолниште за раселените поради конфликт“ во блиските области.

Треба да знаете
Последни објави