Search

Во лавини во Швајцарија за време на зимската сезона загинаа 23 лица

Од 1 октомври во Швајцарија во лавини загинаа 23 лица, односно нешто повеќе од просекот во последните години, кој изнесува 20 жртви, соопшти денеска швајцарскиот институт. Кога станува збор за последните две децении, просечниот број на жртви од лавини по зимска сезона е 21, прецизира Институтот за проучување на снег и лавини (SLF).

Бројот на зафатени од лавини и во сезоната 2023/2024 беше повисок од просекот – 261 наспроти 220 во последните 20 години. Меѓутоа, ако се спореди бројот на жртвите со зголемениот број на луѓе кои практикуваат активности во планините во зима, статистиката покажува дека ризикот од несреќи е намален.

За тоа придонесе и подобрувањето на зимската опрема, како што се детектори за жртви од лавина, сонди и воздушни перничиња, кои се значително подобрени, како и попрецизни временски прогнози. Лавината со најмногу жртви, од кои четири, оваа зимска сезона се случи надвор од патеката во близина на Цермат на 1 април, покажуваат статистиките.

Климатските промени играат улога и во профилот на лавините, при што снегот често недостасува на средна надморска височина, па несреќите се случуваат почесто на поголема надморска височина отколку порано.

Треба да знаете
Последни објави