Search

(Фото) Автомобил се превртел на кров кај „Палас“

Автомобил излетал од пат и се превртел попладнево на булеварот  8 Септември, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот во близина на хотелот „Александар Палас“.

Од фотограиите на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот откако излетал се превртел на кров покрај булеварот.

Полицијата врши увид во моментов, а не е познато дали има настрадани.

Треба да знаете
Последни објави