Search

По расправија малолетник пукал кон автомобил на регионалниот пат Тетово-Скопје

По расправија следувала и пукотница од автомобил на регионалниот пат Тетово – Скопје, но за среќа нема повредени лица. МВР работи на расчистување на случајот во кој „главната“ улога ја одиграл малолетник. -Денеска (24.05.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на 23.05.2024 околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат”, а  со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон”. Повредени лица нема, се вели во извештајот на МВР.

Треба да знаете
Последни објави