Search

При контрола во угостителски објекти во Скопје пронајдена дрога, приведени девет лица

На 23/24.05.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје постапено е по план на СВР Скопје, при што извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При тоа лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога. При преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана. При контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила.

Треба да знаете
Последни објави