Search

Меси донесе победа на дебито на Сетиен

Кике Сетиен со победа стартуваше на тренерското место во Барселона. Каталонците синоќа ја победија Гранада на свој терен со 1:0. Мечот го одлучи голот на Лионел Меси постигнат во 76. минута.

Од 69. минута Барселона играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на Херман Санчез.

Со новите три бода Барселона се врати на врвот на табелата во Ла лига. По 20 рунди актуелниот шпански шампион има 43 бода, исто колку и второпласираниот Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави