Search

Роналдо откри како настана неговото фамозно прославување на гол

Кристијано Роналдо раскажа како дошло до фамозниот скок, полукруг и доскокот со раширени раце и нозе. Трчал спринт до крајот на теренот, скокнал високо, се превртел полукружно, извикал а потоа се прегрнал со соиграчите.

 

Видовме дека Кристијано Роналдо ова го повторува одново и одново во дресовите на Реал Мадрид, Јувентус и Португалија, понекогаш ќе го соблече дресот за да прослави, но прашањето е како се случи една од најпознатите послави на гол во модерниот фудбал?

Легендарниот Португалец  за магазин изјавува дека оваа мала прослава на гол се случила спонтано на еден пријателски натпревар пред шест години.

„Тоа се случи кога игравме против Челзи во Америка, но навистина не знам зошто се случи така. Дадов гол и едноставно се случи. Беше сосема природно, искрено ви кажувам. После тоа, сфатив дека најмногу уживам во тие моменти, па почнав секогаш да правам така“, изјавил петкратниот освојувач на Златна топка.

Натпреварот за којшто говори Роналдо се одигра во август, 2013 година против Челзи.

Треба да знаете
Последни објави