Search

Претрес во Сопиште, приведен дилер на дрога

На 30.04.2024 полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно преземени оперативни мерки и активности, го лишија од слобода И.Ј.(37) од Скопје.

Имено, при претрес во неговиот дом во Сопиште, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, семки од растение, три дигитални ваги со остатоци од дрога. 

И.Ј. е приведен и против него ќе биде изготвена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик, а денеска (01.05.2024) тој е изведен пред судијата на претходна постапка, кој му  определи мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје.

Треба да знаете
Последни објави