Search

Милан ја отвора вратата за синот на Малдини: Даниел Малдини вклучен во првиот тим

Од таборот на Милан полека ја отвараат вратата кон првиот тим за младиот и екстра талентиран фудбалер, Даниел Малдини.

Даниел е син на легендарниот поранешен фудбалер на Милан, Паоло Малдини и многумина од него очекуваат блескава иднина.

За разлика од својот татко, Даниел настапува на офанзивните позиции во младинските категории на Милан, а со своите 17 години веќе е стандарден во у19 тимот на Милан.

Ова не е прв пат младиот Даниел Малдини да биде вклучен во првиот тим на Милан затоа што и претходно тренираше со најдобрите фудбалери на „росонерите“.

Треба да знаете
Последни објави