Search

Први реакции по ждрепката: Недвед со интересен коментар за противникот на Јувентус

Спортскиот директор на Јувентус, Павел Недвед беше прв кој се јави со реакција по денешната ждрепка за четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шампионите.

Еден од челните лица на „старата дама“ посочи дека не е ни среќен, но ни премногу тажен поради тоа што го извлекле Ајакс за противник во следната фаза од најелитното европско натпреварување, посочувајќи дека холандскиот тим не е шега.

– Не сум ни среќен, ни тажен. Ајакс го елиминираше Реал Мадрид, па јасно е дека нема шега со нив. Многу ми се допаднаа во Мадрид, па ние ќе мора да бидеме екстремно внимателни. Ќе се соочиме со Ајакс со голема посветеност и очекувам два одлични натпревари, – заклучи Недвед.

Треба да знаете
Последни објави