Search

Петровска за „Фокус“: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ!

Се уште актуелната министерка за одбрана,Славјанка Петровска, во изјава за „Фокус“ вели дека размислува да влезе во трка за нов претседател на СДСМ, откако Димитар Ковачевски најави внатрешни избори после изборниот неуспех.

–Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката –изјави Петровска за Фокус.

Инаку, според информации од СДСМ, од утре треба да почнат состаноци на партиското раководство и на партиските органи, по кои треба да се закаже отчетниот Конгрес на партијата, а потоа и да се спроведат внатрепартиските избори.

Треба да знаете
Последни објави