Search

Роналдо: Тоа мораше да биде посебна ноќ

Кристијано Роналдо синоќа беше херојот на Јувентус – Портуалецот со хет-трик ги одведе „Бјанконерите“ во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше посебна ноќ, не само поради головите, туку и поради тимот. Ова е менталитет кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на вистинскиот пат“, изјави Кристијано Роналдо и додаде:

„Затоа Јувентус ме доведе, да помогнам во магични ноќи како што е оваа. Атлетико е навистина силна екипа, но и ние сме силни и докажавме дека заслуживме да поминеме понатаму“, изјави Кристијано Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави