Search

Калдерон: Јуве го елиминираше Атлетико благодарение на голот кој го постигна изминатово лето

Рамон Калдерон во последните десетина дена беше крајно актуелен во шпанската спортска јавност поради своите најави за враќање на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, а воедно беше и првиот човек кој откри дека Зинедин Зидан првично го одбил Флорентино Перез за довршување на сезоната.

Ова го потврдија и шпанските медиуми кои подоцна открија дека Перез од втора сепак успеал да го убеди Зидан да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ во обид да го спаси бродот кој тоне, па иако првичната прогноза на Калдерон не излезе точна, сега поранешниот претседател на Реал не пропушти шанса да му испрати „отровна стрела“ на Флорентино откако Јуве го елиминираше Атлетико Мадрид благодарение на блесокот на Кристијано Роналдо.

– Јуве го елиминираше Атлетико благодарение на голот постигнат изминатово лето против Реал Мадрид, моментот кога добија предност со подарокот од Флорентино Перез, – гласи твитот на Калдерон, јасно потенцирајќи ја продажбата на Роналдо како голема грешка на првиот човек на Реал.

Треба да знаете
Последни објави