Search

Емотивниот Кансело откри на кого ја посветува победата против Атлетико Мадрид

Одличен натпревар против Атлетико Мадрид одиграа речиси сите фудбалери на Јувентус, а меѓу оние кои најмногу се истакнуваше беше и португалскиот дефанзивец, Жоао Кансело.

24-годишниот бек беше асистент на вториот погодок на Роналдо, а имаше и пет успешни лизгачки стартови од исто толку обиди.

По натпреварот во изјава , Кансело ја посвети победата на својата баба, но и на таткото на неговиот репрезентативен колега, Жоао Марио. И двајцата починале пред извесен период, па Кансело оваа победа ја посвети токму на нив.

– Ова е важен успех за тимот, покажавме дека ја заслужуваме победата. Сакам да ја посветам оваа победа на таткото на Жоао Марио и на мојата баба кои неодамна починаа, -гласеше емотивната порака на Жоао Кансело.

Треба да знаете
Последни објави