Search

Симеоне: Јувентус не е само Роналдо

Јувентус и Атлетико Мадрид вечерва во Торино го играат реванш натпреварот во осмина-финалето од Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид има предност од 2:0 од првиот натпревар, па вечерва јасно е дека Јувентус ќе тргне во напад со сите сили од првата минута.

„Првиот натпревар е само еден дел, а вториот натпревар е втор. Сите се обидуваме да се подготвиме и организираме, но фудбалот се состои од ситни детали кои не може да се предвидат и објаснат“, изјави Симеоне и додаде:

„Ќе бидеме подготвени за борба против силни играчи, а Јувентус не е само Кристијано Роналдо. Тие исто така го имаат и Бернандески, Дибала, Даглас Коста, па без разлика дали ќе не нападнат со Роналдо и Манџукиќ, сигурно ќе не присилат да се фокусираме“, изјави Симеоне.

Треба да знаете
Последни објави