Search

Фердинанд и Овен: Немаше пенал за Јунајтед!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа остварија сензационална победа на „Паркот на принцовите“ над ПСЖ и се пласираа во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Јунајтед славеше со 3:1, а последниот гол беше дело на Рашфорд од белата точка во самиот финиш на мечот. Судијата Дамир Скомина досуди најстрога казна со помош на ВАР технологијата, откако топката удри во раката на Кимпембе.

Сепак, за Рио Фердинанд и Мајкл Овен не требало да биде досуден пенал за Јунајтед.

„Не мислам дека тоа беше пенал, но среќен сум што беше досуден. Сепак, кога дефанзивецот го врти грбот, таква е казната“, изјави Рио Фердинанд.

„Ако коментирам неутрално, тогаш тоа не беше пенал ниту за мене, ниту пак за било кој друг во ова студио“, изјави Мајкл Овен.

Треба да знаете
Последни објави