Search

Најголемиот трагичар на Реал синоќа беше во ложата на „Бернабеу“

ерхио Рамос во завршницата од дуелот меѓу Реал Мадрид и Ајакс во Амстердам намерно доби жолт картон за да ги исчисти картоните за повратниот натпревар.

 

Реал во Амстердам славеше со 2:1 и капитенот на европскиотпрвак беше уверен дека неговите соиграчи може да ја одбранат таа предност во Мадрид за влез во четвртфиналето од ЛШ. Се излажа.

Реал доживеа дебакл од 4:1 од Ајакс, а Рамос немоќно беснееше гледајќи го дуелот од ложата на „Сантијаго Бернабеу“. Натпреварот го искористи за снимање на документарецот за него.

Очекуваше дека камерите ќе го снимаат неговото славење, а не шокираните изрази на лицето додека гледаше како неговиот клуб останува без шанси за титулата, со секој следен примен гол.

„Беше јасно дека ни недостига капитенот“, призна и тренерот на Реал, Сантијаго Солари, по шокантниот пораз на домашен терен и исфрлањето од ЛШ.

Интересно е што ако Реал отидеше понатаму, Рамос ќе го пропуштеше првиот натпревар од четвртфиналето, бидејчи УЕФА го казни со суспензија од два натпревари откако призна дека намерно добил картон.

Треба да знаете
Последни објави