Search

Карвахал со една реченица најдобро ја опиша сезоната на Реал Мадрид

Дани Карвахал не го криеше своето разочарување откако Ајакс синоќа го декласираше и го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

Ајакс синоќа на гостувањето во Мадрид славеше со 4:1 што значи дека после три сезони, Европа ќе добие нов шампион. Реал Мадрид исто така неодамна беше елиминиран и од Кралскиот Куп, а за „Кралевите“ освојувањето на Ла Лига е невозможна мисија.

„Сезоната е готова. Ова е сра*е година“, изјави Дани Карвахал после синоќешниот натпревар и додаде:

„Мислам дека ова е најлошата ноќ во мојата кариера, никогаш претходно се немам чувствувано вака лошо. Не можам да го објаснам тоа. Во изминатава седмица ги загубивме сите натпревари на домашен терен. Нема објаснување. Другите тимови беа подобри од нас“, изјави Дани Карвахал.

Треба да знаете
Последни објави