Search

Балотели даде објаснување за својата необична прослава која го обиколи светот

Олимпик Марсеј повторно се врати на победничките патеки со триумф кој го оствари над Ст. Етјен, натпревар кој сепак повеќе ќе се памети по лудото и необично славје кое го изрежира Марио Балотели.

Популарниот „Супер Марио“ го отвори резултатот со погодокот во 12-та минута, па одлучи да го сврти вниманието на себе бидејќи се погрижи за оригинална прослава, вклучувајќи се во живо на Инстграм од тревникот на Велодром. Балотели им прикажа на своите следбеници како изгледа славјето долу од теренот, а со оглед на тоа што оваа негова прослава стана вирална, напаѓачот мораше да објаснува како го исценирал сето ова.

– Му го дадов новинарот на еден новинар кој работи за клубот. Му реков да ми го чува телефонот позади голот, бидејќи ако се запишам во листата на стрелците, ќе изрежирам Инстаграм стори. Добив помош од него, знаев дека оваа слика ќе го обиколи светот. Секогаш кога правам нешто, тоа го обиколува светот, – порача Балотели.

Треба да знаете
Последни објави