Search

Анчелоти се огласи за црвениот картон

Јувентус многу брзо го капитализираше црвениот картон кој го доби Мерет уште на стартот на дербито со Наполи и постигна два гола во првото полувреме, но кога се чинеше дека мечот е затворен, следеше непотребен потег на Пјаниќ со кој домаќинот беше вратен во игра.

Наполи намали на 1:2 кога силите на теренот беа израмнети и во завршницата не искористи пенал за 2:2, а со оглед на тоа што тимот на Карло Анчелоти покажа навистина голем карактер на овој меч, секако посебно болно е што го загубија дербито кое сепак немаше премногу големо резултатско значење ако се знае колку многу бега Јувентус на табелата.

Своја анализа за натпреварот на „Сан Паоло“ секако направи Анчелоти, кој одлучи посебно внимание да обрне на дуелот меѓу Мерет и Роналдо по кој дуелот доби навистина друг тек.

– Одлуката беше контроверзна. Тој воопшто не го допре, ќе прифатев таква казна ако имаше навистина старт. Не знам зошто ситуацијата не се прегледа комплетно кога има ВАР. Не беше чист црвен картон, бидејќи Роналдо најверојатно немаше да ја стигне топката. Топката одеше накај корнер знаменцето. Мерет не го допре, а црвениот картон го промени мечот. Искрено, бев посебно изненаден од тоа што го видов во второто полувреме. Бевме толку многу супериорни во однос на Јуве кога игравме 10 на 10. Покажавме колку голем квалитет поседува овој тим, мора само повеќе да веруваме во сопствените квалитети и способности, – порача Карло.

Треба да знаете
Последни објави