Search

Донесени нови правила во фудбалот за игра со рака, замени, пенали, тренери…

Донесени нови правила во фудбалот за игра со рака, замени, пенали, тренери…

На денешната седница на ИФАБ, телото задолжено за фудбалските правила кое работи под покровителство на ФИФА, донесени се одлуки кои ќе донесат нови промени на фудбалските правила.

Членовите на ИФАБ заседаваа во Абердин, а донесени се неколку решенија кои ќе имаат влијание врз фудбалската игра.

Од 1. јуни на сила стапува правилото според кое секое играње рака кое влијае врз постигнување гол ќе биде санкционирано, што значи дека судиите нема да ги признаваат головите каде стрелците имале контакт со топката со рака дури и кога немале намера, а исто така и кога фудбалерите стигнале до топката со ненамерно играње со рака. Во тие ситуации, дури и ненамерното играње со рака значи прекршок и судиите нема да ги толкуваат сами ваквите моменти.

Во обид да се спречи задржување на времето, фудбалерите кои се заменети ќе можат да излезат од теренот било каде, односно нема да имаат обврска да излегуваат на средината на теренот како досега. Исто така, играчите ќе смеат да ја допираат топката во шеснаесетникот кога таа е уфрлена од нивниот голман, додека тренерите ќе добиваат картони. Наместо вербално исклучување, тренерите ќе добиваат жолти и црвени картони.

Барем засега во експериментална фаза ќе биде правилото според кое по изведувањето на пеналите играта нема да продолжува, односно фудбалерите нема да имаат можност „од втора“ да постигнат гол, со што судиите нема да има потреба да го контролираат и (не)навременето влегување во шеснаесетникот од останатите играчи при изведување на пеналот.

Треба да знаете
Последни објави