Search

Граѓанин до функционери на ВМРО-ДПМНЕ: За седум години пензијата ми порасна за 48%

Граѓанин од Кавадрци во штаб на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за тоа колку му се зголемила пензијата во изминатите седум години.

Пред техничкиот министер за труд и социјална политика и пред кандидати за пратеници меѓу кои и Антонијо Милошоски, кавадарчанецот Трајче Стојков кажа дека и тој е за линеарно зголемување на пензиите, но и дека не е точно тоа што го тврди ВМРО-ДПМНЕ дека пензиите во последните години не се зголемувале.

„Јас и на претходната министерка и кажав дека сум за линеарно зголемување на пензиите, ама не е точно дека за седум години не дале ништо. Јас сум осум години пезнионер, почнав со 26 000 а сега имам 39 000 денари пензија. Немојте да кажете дека ништо не е дадено за седум години. Од 26000 на 39000 тоа се 48% зголемување“ вели Стојков пред функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете го целосното обраќање на Стојков

Треба да знаете
Последни објави