Search

Поранешен тренер на Реал: Крос се претвори од Ауди дизел во трактор, Карвахал ги облекол копачките на Арбелоа…

Поразот на Реал Мадрид од Барселона во полуфиналето на Копа дел Реј беше само уште еден доказ дека во фудбалот скапо се плаќаат неискористените шанси, а уверливото славје на каталонскиот гигант од 0:3 во ситуација кога не го одигра својот најдобар фудбал одново отвори голема дебата во Шпанија за лидерските спосбности на актуелните играчи на „кралскиот клуб“.

Многумина повторно го споменаа името на Кристијано Роналдо бидејќи играчите на Реал покажаа голема неефикасност пред голот на Марк Андре Тер Штеген, но Бернд Шустер се осврна и на три стартери од овој меч за кои смета дека бележат огромен пад во формата. Бернд Шустер своевремено го водеше Реал, а бидејќи редовно ги следи случувањата во тимот од престолнината, Германецот си даде за право да направи неколку споредби, од кои посебно се издвојува онаа поврзана за неговиот сонародник Тони Крос.

– Реал го загуби играчот кој секогаш даваше голови, го загуби својот најдобар гоглетер во историјата. Но, исто така, за издвојување се и падовите на неколку важни играчи. Тешко е да зборувам за мојот сонародник, но Тони Крос се претвори од Ауди дизел во трактор. Само трокира и не прави ништо на теренот. Средниот ред не му помага на нападот и затоа Бензема и Винисиус се осамени. Варан не е ни сенка од играчот кој беше претходно, секогаш е лошо поставен и секогаш ги започнува со негатива дуелите со противниците. Што се однесува до Карвахал, почна да изгледа како играч кој ги облекол копачките на Арбелоа, – порача Шустер.

Треба да знаете
Последни објави