Search

Кореец прогласен за најдобар фудбалер во Лондон

Кореец прогласен за најдобар фудбалер во Лондон

Кореанецот Хјун Мин Сон беше избран за најдобар фудбалер на Лондон за сезоната, откако постигна 16 гола во 34 натпревари досега за Тотенхем во сите натпреварувања.

На традиционалните награди на англиската престолнина, 26-годишниот фудбалер доби признание откако стана клучна фигура за Тотенхем, а освен тоа и помогна на националниот тим да стигне до четвртфиналето во Купот на Азија.

Сон ги остави зад себе клубскиот колега во Тотенхем, Хари Кејн, Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, Еден Азар од Челзи и Андрос Таунзенд од Кристал Палас.

Победникот беше определен од комисија од 22 лица, вклучувајќи експерти и поранешни фудбалери како Боби Замора, Боб Вилсон и Тони Котиер.

„Тоа значи многу, но без моите соиграчи не би можел да го сторам тоа”, рече Сон.

https://twitter.com/hm_sin7/status/1101271169636810752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1101271169636810752&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F2019%2F03%2Fkoreec-proglasen-za-na-dobar-fudbaler-vo-london%2F

Триумфот на Тотенхем беше полн, бидејќи кај тренерите наградата отиде кај Маурисио Почетино кој покажа смисла за хумор велејќи по добивањето на наградата: „Како што некои луѓе се пошегуваа – конечно освоив трофеј! Се разбира, ова е голема чест за мене”.

Треба да знаете
Последни објави