Search

Анчелоти: Наполи ќе ја прекине доминацијата на Јувентус

Овој викенд во Серија А водечките екипи на табелата, Јувентус и Наполи ќе ги одмерат силите на „Сан Паоло“.

„Табелата не може да лаже, Јувентус заслужува почит, тие се над просекот. Ќе дојдат тука за да ја завршат трката за Скудетото“, изјави тренерот на Наполи, Карло Анчелоти и додаде:

„Наполи може и мора да биде во можност да се натпреварува со Јувентус, во спротивно, јас немаше да дојдам тука. Порано или подоцна, ние ќе триумфираме, сигурен сум во тоа“, изјави Карло Анчелоти.

Јувентус во пресрет на дербито во Неапол се наоѓа на првото место на табелата со 69 освоени бодови, додека Наполитанците се на второто место со 56 освоени бода на 25 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави