Search

Телото во урнатиот авион на дното на Англискиот канал е на Сала

Британските истражни органи објавија дека телото, извадено од авионот со кој напаѓачот на Кардиф, Емилијано Сал патуваше во Кардиф, му припаѓа на фудбалерот.

 

За потсетување, приватниот авион кој исчезна од радарски екрани вечерта на 21 јануари беше пронајден на дното на Англискиот канал, а пребарувачите пронајдоа едно тело во него.

Дваесет и осумгодишниот Сала се пресели во Кардиф од Нант на 19 јануари, но не успеа да одигра ниту еден натпревар за велшкиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави