Search

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Водњанска“ пред влезот на Клинички центар „Мајка Тереза“.

Прилично оштетени се најмалку четири возила, пренесе 360 Степени.

Дел од булеварот е затворен, а полицијата го пренасочува сообраќајот.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и други возила кои биле паркирани.

Полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекуваат повеќе детали.

Фото: 360 Степени

Треба да знаете
Последни објави