Search

Иско со ултиматум до Реал: Си одам ако…

Шпанскиот репрезентативец, Иско Аларкон игра сезона далеку под сите очекувања, а една од причините за тоа секако е и малата минутажа која ја има во Реал Мадрид.

Офанзивецот падна во втор план откако екипата на презема Сантијаго Солари, па поради тоа е доведена во прашање неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“. За него интерес има од Манчестер Сити, ПСЖ, Јувентус, Интер… односно дефинитивно лесно би пронашол нова средина, но неговата прва опција е да остане во Реал со тоа што има еден услов-Солари повеќе да не биде тренер на „кралевите“.

Шпанецот нема добар однос со сегашниот предводник на европскиот шампион, едноствано не е прва опција и тоа не му се допаѓа на Аларкон.

Според италијански весник сепак играчот му дава предност на Реал со оглед на тоа што чека нова принова во семејството и не сака да си замине од шпанската престолнина, ама ако работите не се променат дефинитивно може да ја напушти сегашната средина.

Треба да знаете
Последни објави