Search

Ако се појавува на тренинзи, Балотели ќе добива бонус во Марсеј

Во денешно време големите фудбалери имаат најразлични клаузули во нивните договори кои им носат големи бонуси, покрај огромните плати. Ама тренинзите обично се сметаат како дел од работата на еден фудбалер – освен ако тој не се вика Марио Балотели.

Клаузулата, за која се тврди дека Марио Балотели ја има во договорот со Марсеј, сепак, го надминува сето она што може да се замисли.

Новинар на неговиот  профил објави дека во договорот на Балотели има бонус ако присуствува на тренингот на тимот. Или попросто кажано, ако си ја врши работата

Низ годините, Марио Балотели се здоби со репутација на непрофесионален фудбалер и често беше мета на критики бидејќи не се појавува на тренинзи. Ница ќе се обиде тоа да го спречи со клаузулата која ќе му обезбеди повеќе пари на Италијанецот доколку биде присутен на тренинзите.

„Супер Марио“ ќе игра во Марсеј до крајот на сезоната. Инаку, тој претходно го носеше дресот на Ница, каде оваа сезона не успеа да постигне ниту еден лигашки гол.

Треба да знаете
Последни објави