Search

Спалети: Наинголан е чувствителен дечко…

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан неодамна поради недисциплина беше суспендиран од управата на Интер, по што го пропушти дуелот против Наполи кој „Нераѕурите“ го добија со 1:0.

Наинголан во меѓувреме се врати во тимот на Интер и доби шанса да заигра во второто полувреме на натпреварот против Емполи минатиот викенд, дуел на кој што Интер исто така славеше со минимални 1:0.

За Наинголан после натпреварот против Емполи проговори тренерот на Интер, Лучијано Спалети кој што призна дека Белгиецот често не е сконцентриран на фудбалот.

„Го обожуваме Наинголан. Тој е еден чувствителен дечко кој ги има сите особини на човек кој што се однесува пристојно, но некогаш имаме недоразбирања. Јас сум некогаш како татко кој го кара својот син“, изјави Спалети и додаде:

„Раџа го привлекуваат други работи покрај фудбалот, а кога не обрнува доволно внимание на фудбалот, тогаш му е тешко да игра така како што знае. Би требало повеќе да се сконцентрира на фудбалот, малку повеќеда мисли на тоа“, изјави Спалети.

Треба да знаете
Последни објави