Search

Условите на Де Хеа: Што треба да се исполни за да Шпанецот потпише долгорочен договор со Јунајтед

Шпанскиот ас, Давид Де Хеа веќе неколку години е најдобриот играч на Манчестер Јунајтед, играч без кој едноставно не може да се замисли клубот од „Олд Трафорд“.

Токму поради ова премиерлигашот сака долгорочно да го врзе Шпанецот со нов договор, но за да се случи тоа ќе мора двете страни да се разберат и да си подадат рака. Јунајтед веќе ја искористи ставката во актуелниот договор и го обезбеди Де Хеа за уште една година, меѓутоа се знае кој е главната цел-ставање на потпис за соработка која ќе трае уште многу сезони.

За да се исполни оваа замисла, цел на Јунајтед мора да се исполнат желбите и барањата на Де Хеа кои се неколку, а за кои информираше реномиран  медиум. Имено Давид сака да знае дали Жозе Мурињо ќе биде тренер на тимот во следната сезона или пак тоа ќе биде некој друг.

Тој сака да види во кој правец ќе се движи клубот пред да стави потпис на нов договор, односно неговите амбиции се високи и сака да биде во тим кој ќе биде конкурентен за титули.

Од друга страна голем фактор е платата, 28-годишниот голман сака да има заработка како Алексис Санчез. Чилеанецот со бонусите зема околу 500,000 фунти неделно, па Шпанецот кој има далеку поголема улога од Алексис сака да ја има истата сума, односно да биде награден за се што прави за екипата.

Наводно Де Хеа веќе одбил подобрен договор со понуда од околу 275,000 фунти неделно, па останува да видиме како ќе се одбива ситуацијата. Манчестер со „новиот“ договор од една дополнителна година доби време кое треба позитивно да го искористит затоа што интерес за одличниот чувар на мрежата и понатаму има од ПСЖ и Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави