Search

Синиша Михајловиќ на местото на Пипо Инзаги во Болоња?

Тренерот на италијанска Болоња, прославениот голгетер Филипо Инзаги по се изгледа ќе заработи отказ од кормилото на клубот откако на првите 13 овосезонски мечеви на клубот освои само 11 бода, па Болоња е на 18. место во Серија А.

Како што пренесуваат италијанските медиуму, најсериозен кандидат како замена на Инзаги во Болоња е српскиот тренер, Синиша Михајловиќ.

Србинот има големо искуство во Серија А и како играч, но и како тренер. Тој тренерскиот занает го започна токму во Болоња во 2008 година, по што седеше на клупата на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.

Во следното коло Болоња ја пречекува Сампдорија, па тој меч веројатно ќе ја одлучува судбината на актуелниот тренер во клубот.

Треба да знаете
Последни објави