Search

Повредата на Џеко не е сериозна

Босанскиот напаѓач Един Џеко се повреди пред дуелот на Рома против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па го пропушти дуелот против актуелните шампиони.

Покрај дуелот против Реал Мадрид, Един Џеко речиси сигурно ќе го пропушти и дуелот против Интер овој викенд во италијанска Серија А, но од Рома соопштија дека навивачите не треба да стравуваат затоа што Џеко ќе се врати за десетина дена.

Иако ќе го пропушти важниот дуел против Интер, сепак Един Џеко би требало да му биде на располагање на тренерот Еузебио Ди Франческо веќе за следниот натпревар против Каљари во рамките на 15-то коло од Серија А.

Покрај Џеко, Рома остана и без Стефан Ел Шарави кој поради повредата која што ја заработи на дуелот против Реал Мадрид, ќе паузира околу еден месец.

Треба да знаете
Последни објави