Search

Лудило: 50 илјади навиивачи присуствуваа на тренингот на Бока Јуниорс

Бока Јуниорс во сабота ќе го игра еден од најважните натпревари во клубската историја – реванш дуелот против големиот ривал Ривер Плата во финалето во Копа Либертадорес.

Со оглед на тоа што првиот натпревар заврши 2:2 и головите на гостувањата во ова натпреварување не значат ништо, Суперкласикото практично на теренот на Бока Јуниорс ќе тргне од „нула“.

Колку овој натпревар им значи на навивачите на Бока Јуниорс најдобро покажува тоа што синоќа, речиси 50 илјади навивачи пристигнаа на „Ла Бомбониера“ за да им дадат поддршка на играчите пред историскиот натпревар. Неверојатно.

Треба да знаете
Последни објави