Search

Не размислува за пензија: Касиљас наскоро со нов клуб

Шпански весник пренесува дека Икер Касиљас засега не размислува за пензија, туку за нов трансфер.

Имено, за искусниот 37 годишен голман, кој оваа сезона го врати првотимскиот статус во Порто, сериозен интерес има од тимот на Чикаго Фајр кој се натпреварува во американската МЛС Лига.

За шпанскиот голман ова е четврта сезона на „Драгао“ и освен минатата година, кога беше втор избор, постојано е прв голман на Порто.

Актуелниот договор со португалскиот гигант му истекува по крајот на оваа сезона, па потоа Касиљас ќе биде слободен да ја избира својата нова средина.

Треба да знаете
Последни објави