Search

Хенес: После долго време сме аутсајдери на натпревар во Бундес лигата

Баварците во сабота гостуваат кај Борусија Дортмунд, екипа зад која после десет кола во Бундес лигата заостануваат четири бода.

Првиот човек на минхенскиот клуб, Ули Хенес смета дека пред фудбалерите на Баерн е тешка задача.

„За прв пат после долго време нема да бидеме фаворити на еден натпревар од Бундес лигата. Во Дортмунд патуваме како аутсајдери. Не можеш да одиш во Дортмунд и да кажеш дека сакаш три бода. Тоа е екипа која што во досегашниот дек од сезоната игра многу убав фудбал“, изјави Хенес.

Баварците на последното гостување во Дортмунд пред точно една година славеа со 3:1.

Треба да знаете
Последни објави