Search

Салах со прва реакција и порака до скулпторот кој му изработи урнебесна статуа

Мохамед Салах во неделата доби една своја статуа во Шарм ел Шеик, но Египќанецот го снајде истата судбина како Кристијано Роналдо, па поради специфичноста на делото, ѕвездата на Ливерпул беше предмет за потсмев на социјалните мрежи.

Чудната изработка и необичното истакнување на главата на Салах секако се најдоа во прв план, а откако неколку дена Салах се најде на потсмев на интернет, авторот на делото се огласи на социјалните мрежи и откри каква порака добил од феноменалниот напаѓач.

– Интернационалниот и наш херој, Мохамед Салах, лично ме контактираше и ме охрабри да продолжам со својата работа. Побара од мене да не обрнувам внимание на негативните коментари и ми порача дека сум многу добар уметник. Исто така побара од мене да се посветам на обработување на статуа за во неговиот дом, – напиша скулпторот на својот Фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави