Search

Хаос на Пластичарска улица: Масовна тепачка па пукање, неколку ранети

Вечерва на улицата позната како „Пластичарска“ се случила масовна тепачка помеѓу повеќе лица.

Како што дознава 24инфо.мк по тепачката почнало пукање од огнено оружје, по што ранети се најмалку три лица.

Повредените се итно пренесени во хируршкиот центар Св Наум Охридски и во ургентниот центар на комплексот клиники Мајка Тереза.

На лице место излезени се екипи на ЈО и на МВР.

Треба да знаете
Последни објави