Search

Голманската легенда на Јуве за гестот на Мурињо: Да бев на местото на Бонучи…

Жозе Мурињо ги разбесни фановите на Јувентус со својата провокативна гестикулација по крајот на натпреварот во Лигата на шампионите кој се одигра во средата, а за прекумерната реакција, доби забелешки и од играчите на италијанскиот првак кои не можеа да останат мирни на неговото славје.

Сепак, голманската легенда на „старата дама“, Стефано Такони смета дека играчите на Јувентус биле преблаги кон менаџерот на Манчестер Јунајтед, па даде изјава со која долови што би направил тој доколку се најдел на местото на Леонардо Бонучи кој прв му пријде на Мурињо.

– Да бев на местото на Бонучи, ќе му удрев еден шут во задникот, – порачува легендарниот италијански голман Такони, 61-годишниот Италијанец кој го носеше дресот на Јувентус од 1983 до 1992 година.

Треба да знаете
Последни објави