Search

Хандановиќ: Требаше да го одбранам ударот на Малком

Самир Хандановиќ синоќа брилираше на голот на Интер, но сепак беше совладан во 80-та минута од натпреварот.

После неколку одлични одбрани, Хандановиќ капитулираше во 80-та минута после еден удар на нововлезениот Малком.

„Требаше да го одбранам тој удар. Веќе бев на позиција да го одбранам, но имав двајца играчи пред мене и не можев да видам каде е топката. Можев да ја сочувам мрежата, но што е, тука е“, изјави Хандановиќ и додаде:

„Мислам дека Барселона играше далеку подобро од нас. Сепак, ваквите натпревари ни помагаат да растеме. Не сум разочаран, само сакам да се подобриме. Барселона е екипа која што може секого да го подучува како се игра фудбал“, изјави Хандановиќ.

Треба да знаете
Последни објави