Search

Буфон: Има една клучна разлика меѓу Наполи на Сари и овој на Анчелоти

Џиџи Буфон оваа вечер повторно ќе има можност да ја доживее спектакуларната атмосфера на „Сан Паоло“, но овојпат како член на ПСЖ кој пристигнува во Неапол со императив и цел да освои три бода.

Искусниот чувар на мрежата добро знае колку може да биде наелектризираната атмосферата на стадионот на „наполитанците“, но во најавата за овој дуел, Буфон се осврна и на една доста поинтересна тема, поврзана за разликата која тој ја воочил во актуелниот тим на Наполи, и оној до минатата сезона кој го предводеше Маурицио Сари.

– Вистина е дека минатата сезона имаше момент кога мислев дека нема да ја освоиме титулата со Јувентус. Што се однесува до Наполи на Сари и Наполи на Анчелоти, не можам да кажам кој е подобар. Сепак, забележав една важна разлика, а тоа е свеста во играта која ја има тимот на Анчелоти. Во минатите години, Наполи играше фантастичен фудбал, исклучително убав, но секогаш се чинеше како да одат со 2000 километри на час. Сега гледам тим кој знае да го одреди темпото за секој меч, а потоа управува на теренот, – потенцира Буфон.

Треба да знаете
Последни објави