Search

„Ди Марија требаше да дојде кај нас, но парите пресудија“

Анхел Ди Марија заработува огромна плата во ПСЖ, а претходно исто така добро заработуваше и во Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Ди Марија во 2014-та година се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед, а пред да се пресели на „Олд Трафорд“, Аргентинецот имал понуда и од Монако, но сепак одлучил да ја прифати побогатата понуда на „Црвените Ѓаволи“.

„Не потпиша за нас затоа што немавме доволно пари. Не размислуваше премногу кога го избра Манчестер Јунајтед кој што можеше да го плати“, изјави Луис Кампос, тогашниот спортски директор на Монако, а денешен на Лил.

Сепак, Ди Марија имаше „сезона за заборав“ на „Театарот на соништата“, па веќе следното лето, во 2015-та година се пресели во ПСЖ каде што деновиве го обнови договорот и ќе се задржи на „Паркот на принцовите“ најмалку до 2021-ва година.

Треба да знаете
Последни објави