Search

Случај Модриќ: ФИФА ги отфрли обвинувањата на Реал Мадрид против Интер

Една од најголемите трансфер саги ова лето беше потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ во Интер – трансферот до последен момент беше неизвсен и на крајот пропадна поради Флорентино Перез.

Лука Модриќ наводно самиот изразил желба за трансфер во Интер, а тоа непосредно пред крајот на преодниот рок во Италија го изјави и неговиот агент. Сепак, Флорентино Перез не го испочитувал „џентлменскиот договор“ кој што го имал со Хрватот, според кој на Модриќ би му било дозволено да си замине од Реал доколку го побара тоа.

Од „Кралскиот клуб“ биле лути поради „нелегалниот контакт“ на Интер со Модриќ, па затоа го пријавиле миланскиот тим во ФИФА.

Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, од ФИФА го затвориле „Случајот Модриќ“ и ги отфрлиле сите обвиненија на Реал Мадрид против Интер. Од светската фудбалска куќа порачале дека нема да превземаат никакви дополнителни чекори во врска со пријавата против Интер, затоа што не биле утврдени неправилности.

Треба да знаете
Последни објави