Search

Клоп признава: Не посакував вака тешка група…

Ждрепката вчера го смести европскиот вицешампион во група заедно со париски ПСЖ, италијански Наполи и белградска Црвена Ѕвезда.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сосема очекувано, не е задоволен од противниците кои што Ливерпул ја доби во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Искрено, не посакував вака тешка група. Сепак, тоа е Лигата на шампионите“, изјави Јирген Клоп и додаде:

„ПСЖ е една од најдобрите екипи на светот и сигурно е дека сакаат да ја освојат титулата. Наполи ги добивме во предсезоната, но овие натпревари се сосема поинакви. Црвена Ѕвезда? Ги гледав во квалификациите. Се пласираа понатаму и сигурен сум дека не очекува напната атмосфера“, изјави Јирген Клоп.

Треба да знаете
Последни објави