Search

Бразилецот Роналдо купува клуб ,прво засилување ќе биде играч од Реал Мадрид

Легендарниот поранешен бразилски напаѓач, Луис Назарио Де Лима Роналдо во следниот период ќе инвестира 26 милиони фунти во  Реал Ваљадолид.

Роналдо со оваа инвестиција ќе стане мнозински акционер на клубот и веднаш ќе биде назначен за претседател на Ваљадолид.

Првиот трансфер на клубот ќе биде младиот и талентиран фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Целата зделка треба да биде комплетирана во следните 24 часа, а Роналдо верува дека од „Кралскиот клуб“ ќе му го отстапат на една сезона 18 годишниот фудбалер кој пристигна од Фламенго ова лето.

Треба да знаете
Последни објави