Search

Чиро Ферара откри зошто Роналдо се преселил во Јувентус

Чиро Ферара верува дека заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид е поради фактот што Зинедин Зидан си заминал кормилото на клубот.

Роналдо ќе биде претставен на јавноста следната недела, а Ферара кој беше дел од последниот тим на Јувентус кој ја освои Лигата на шампионите во 1996 година има теорија зошто најдобриот играч во светот се преселил во Торино.

– Кристијано Роналдо го избра Јувентус и ова ќе биде нешто специјално за италијанскиот фудбал. Роналдо е неверојатен трансфер, во секоја смисла на зборот. Точно е дека не е млад повеќе, но се грижи за секој детаљ и тренира константно.

– Сега е јасно дека примарна цел на Јувентус ќе биде освојување на Лигата на шампионите. Со овој трансфер Јувентус сега е меѓу најдобрите пет сили во светскиот фудбал.

– Никој не го очекуваше тоа, но мислам дека за договорот се преговараше одреден период. Мислам дека заминувањето на Зидан од Мадрид и останувањето на Алегри имаат удел во трансферот- заклучи Ферара.

Треба да знаете
Последни објави