Search

Реал ќе понуди рекордни 272 милиони евра за Мбапе како замена за Роналдо

Европскиот првак Реал Мадрид е подготвен да понуди рекордни 272 милиони евра за францускиот репрезентативец од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.

 

Раководство на „Кралскиот клуб“ во Мбапе гледа замена за Роналдо, кој многу веројатно ќе си замине од Мадрид.

Роналдо веќе се согласил да потпише за Јувентус за годишна плата од 30 милиони евра и се шпекулира дека само прашање на време е кога ќе се случи трансферот.

Затоа, Реал е во потрага по негова замена. Долго се говореше дека Нејмар е најголем кандидат за местото на Роналдо, но најверојатно од тоа нема ништо и затоа сега сите погледи на навивачите на европскиот шампион се свртени кон Мбапе.

19-годишниот напаѓач во моментов се наоѓа на СП каде со својата Франција избори четвртфинале.

Треба да знаете
Последни објави