Search

Модриќ: Можам да го разберам Меси

Лука Модриќ изјави дека може да ја сфати изјавата на Лионел Меси кој што неодамна порача дека сите свои трофеи би ги менувал за само еден трофеј на Светското првенство.

„Го разбирам тоа што сакаше Меси да го каже. Сигурно е дека и јас би заменил доста трофеи кои што ги имам освоено со клубовите за успех со Хрватска на Светското првенство“, изјави Лука Модриќ.

Репрезентациите на Хрватска и Аргентина ќе се сретнат во групната фаза и сигурно е дека се двата најголеми фаворити за првите две места во групата во која што се натпреваруваат и репрезентациите на Нигерија и Исланд.

Треба да знаете
Последни објави