Search

Вработените на ФЗО излегоа на протест, најавија генерален штрајк

Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска излегоа на предупредувачки протест. Претседателот на синдикалната организација, Бранко Аџигогов, кажа дека протестот е против Управниот одбор на ФЗО, бидејќи точката за усогласување на платите со Законот за минимална плата е одложена на неодредено време, за после изборите. -Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор. Ако ова до 15 мај не се реши, ние ќе имаме предупредувачки протести во сите градови. Ако до 1.06 не се реши прашањето, тогаш, стапуваме во генерален штрајк, рече Аџигогов.

Тој објасни дека бараат: „усогласување на платите со миниманата, носењето на вредносен бод, разрешување на цел Управен одбор“. -Немаме образложение и не знаеме зошто ова се случи. По толкав штрајк на вработените во ФЗО, а ние сме втора најголема синдикална организација во државната управа, едноставно ова го сфаќаме дека не им е грижа, додаде Аџигогов.

Треба да знаете
Последни објави